Македонија

Спасовски: cите постапки на секој член на извршната власт мора јасно да потврдат дека Владата и државата се во сигурни раце

– Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада без исклучок е да обезбедат континуитет на функционирањето на институциите, на владеење на правото и на демократијата. Да отвориме максимален простор за демократска волја на граѓаните да учествуваат во изборот на нова легитимна влада. Влада која ќе продолжи да ја води Република Северна Македонија на вистинскиот пат како членка на НАТО и идна членка на Европската унија, потенцира Спасовски.

Тој нагласи дека сите услуги на граѓаните ќе бидат испорачани во целост, на време и непречено, независно дали станува збор за субвенциите за земјоделците, помошта на социјалните категории на граѓани, покачувањето на платите во јавниот сектори или услугите на администрацијата.

Според Спасовски, земјава мора да организира избори што доликуваат на една европска демократија во согласност со меѓународните стандарди.

Премиерот додаде дека нашата земја се препознава како едно праведно општество за сите, па затоа мора да се одржи тој континуитет на вредностите кои суштински придонесуваат за изградба на модел на заедничко општество за сите граѓани, при што апелираше за елиминирање и за „нула толеранција“ на говорот на омраза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons