НајновоПолитика

„СО СЛУЖБЕНА КАРТИЧКА ВО ВИЕНА ИЗНАЈМИЛА ТРОСОБЕН СТАН ЗА 4 НОЌИ ЗА 1.200 ЕВРА“ – Лефков со нови обвинувања за „Бисера Антоанета“

„Бисера не би била вистинска Антоанета, ако своите манири за раскош и луксуз не ги манифестирала во Виена, родното место на историската Антоанета. Бисера Антоанета дословно се потрудила да потсеќа на историскиот оригинал и за само 4 дена во Виена потрошила 3061 евра народни пари, за луксуз и раскош. Имено од 07.12.2023 година до 11.12.2023 година, Бисера Антоанета сама престојувала во Виена, со неа немало придружба од Министерството за култура или владата. Бисера Антоанета во Виена се осеќала како вистинска кралица. Наместо да изнајми хотелска соба, таа со службената картичка со народни пари изнајмила трособен стан од 70м2 во центарот на Виена веднаш до Палата Кобург, Виенската Опера, најелитните хотели и седиштето на ОПЕК“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, „стан од 70м2 е стан во кој во Македонија живеат четиричлени семејства. Во Виена Бисера Антоанета си го приуштила тоа задоволство сама на себе. За само 4 ноќи Бисера Антоанета платила 1213 евра или 74.599 илјади денари за трособниот стан. И тоа кога во непосредна близина каде што била сместена има елитни хотели каде ноќевање со доручек чини 9.000 денари, а хотел со нормални карактеристики може да се најде и за 6.000 денари“.

„Која била потребата на Бисера Антоанета да изнајми трособен стан за 1200 евра за 4 ноќи во Виена со поглед на Виенскиот парк? Бисера Антоанета уживала 4 ноќи во трособен стан со поглед на Виенскиот парк. За да отпатува во Виена Бисера Антоанета си купила повратна авионска карта од Охрид до Виена за 385 евра кои ги платила првo приватно, а потоа од Министерството за култура ги подигнала парите во кеш, како репрезентација. Не јасно е што правела Антоанета во Виена 4 дена? Која била потребата од ова патување и зошто наместо луксузен трособен стан не изнајмила хотелска соба која е и до 4 пати поевтина?“ прашува Лефков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons