„Сите за Мартин“ – возила со доброволци и опрема од Македонија тргнаа кон Халкидики
На социјалните мрежи, македонските граѓани се мобилизираат за потрагата по 31-годишниот Мартин кој во неделата исчезна во водите на Егејското Море од плажата Мити на Халкидики.
-Потребно е едно доброволно лице, односно една кола, кој ќе се нафати да отиде до Халкидики утре. Покриено е патен трошок, смештај и јадење, целта е да се однесе опрема и лица, стручни спасувачи, кои ќе помогнат во барањето. Најверојатно ќе се остане цел викенд. Битно е да е поголема кола, караван или џип со цел да собере повеќе опрема, стои во објава на Фејсбук групата „Сите за Мартин“ и веќе се пријавуваат и возачи со сопствени возила.
-Почитувани Хуманитарци потребни се повеќе двогледи за утрешната екипа која ќе тргне за Халкидики во потрага по Мартин. Ќе бидат вратени соодветно со крајот на потрагата. Поради брзото организирање ве замолуваме да ни ги предадете во Центар или Аеродром – Скопје, објавија од страната Хуманитарни акции.мк