МакедонијаНајново

Симовски: 132.000 лица не се попишани теренски, туку податоците се земени од регистрите 

За 132.000 лица кои не беа опфатени со теренското спроведување на пописот, податоците се преземени од регистрите и тие се дел од пописот, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Симовски во гостување на „Утрински брифинг“ ги појаснува причините поради кои овие лица не биле опфатени со теренското попишување на статистичката операција.

– Тие 132.000 лица што се споменуваат се неопфатени со теренското спроведување на пописот. Никој не посакуваше да биде толкав број. Во случајов методот што го користевме поентата беше да не изоставиме никого и тоа го направивме. Причините за тие лица се неколку. Прво, спроведувавме попис во месец кога луѓето беа на одмор после пропуштено лето поради Ковидот. Втора работа, кога се активностите во земјоделство и луѓето беа по нивите и доаѓаа доцна дома. Требаше да го продолжиме пописот и до 9 часот навечер, но не можете да натерате некој да се попише тогаш. Трета работа, имавме и сокриен бојкот, како и ковид-кризата, вели Симовски.

Според него, за овие лица се преземени податоци од регистрите и тие се дел од пописот, односно не се непопишани.-Јас уште од старт говорев граѓаните да не подлегнуваат на лажните податоци. За жал, повеќе ги слушале тие кои притискаа за бојкот, мислејќи дека нема тоа да се случи, рече Симовски. Тој информира дека попишувачите се враќале по неколку пати во домовите за да ги најдат граѓаните кои во моментот не биле присутни. -Немаше станови во кои живеат по 30 луѓе. Се проверуваше, се оставаше информација дека бил попишувачот и порака за контакт за понатаму. Ние не можевме да упаднеме во становите со сила, потенцира првиот човек на ДЗС Апостол Симовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons