Се помалку работници во индустријата
Бројот на работници во индустријата во април годинава во однос на април лани е намален за 1,9 проценти. Во периодот јануари – април година, пак, во однос на истиот период лани намалувањето е два проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење камен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бројот на работници има опаѓање од 3,1 процент, во Преработувачка индустрија од 1,8 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,5 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6 проценти. Пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 проценти, Капитални производи за 2,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 проценти.