Се огласи Столтенберг: КФОР ќе интервенира во Косово ако е потребно!
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека српската и косовската страна мора „конструктивно да се вклучат“ во дијалогот со посредство на ЕУ и да ги решат проблемите дипломатски.
„КФОР е подготвен да интервенира доколку е загрозена стабилноста“, нагласи тој по телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Столтенберг на Твитер напиша дека со Вучиќ разговарал за „тензиите на северот на Косово“, пренесе Бета