Се намалија цените на нафтата
Цените на нафтата се намалија и денес изнесуваат 100 долари на меѓународните берзи.
На лондонската берза цената на барел нафта во попладневните часови беше за 30 центи пониска од претходното затворање и изнесуваше 100,28 долари. На американската берза со барел се тргуваше по речиси непроменета цена од 95,99 долари.
Цените паднаа откако членките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објавија детали за продажба на 120 милиони барели од стратешките резерви.