МакедонијаНајново

Се запали цистерна на патот Струмица – Радовиш

Шест пожарникари со две противпожарни возила ја гаснеа цистерната што утрово се запали на регионалниот пат Струмица-Радовиш.

РЦУК – Струмица соопшти дека во 9:18 часот настанал пожар на камион на кој му се дупнала гумата. Камионот превезувал 20 тони на нафта.  Со пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата.

Камионот се запалил на еден километар од селото Владиевци, на патниот правец Струмица – Радовиш.

Од РЦУК – Струмица соопштија дека и четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот. Нафтата ќе биде префлена во друга цистерна и пренесена до крајната дестинација.

– Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран. Во случај на пожар или друга елементарна непогода повикај 193 – противпожарна единица, велат од Територијалната противпожарна единица – Струмица.

Во период од 9:18 до 9:55 часот, патниот правец Струмица-Радовиш бил во целосен прекин.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons