МакедонијаНајново

СЕ ЗАПАЛИ „МИНИ КУПЕР“ ВО ВОЛКОВО, ЕДНО МОМЧЕ ЗАГИНА: Со огромна брзина удрило во камен, страшна сообраќајка

Во страшна сообраќајна несреќа во Волково, едно момче загинало, а друго со тешки повреди е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Како што пишува „Плус инфо“, според нивни информации, несреќата се случила откако двете момчиња кои се возеле во „мини купер“ со голема брзина удриле во камен кај маркет ,,Гаџо“, при што автомобилот се запалил. Едно од момчињата починало на самото место.

– Во СВР Скопје во 03.15 минути било пријавено дека во с.Волково патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С. (26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат – информира од СВР Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons