САД подготвува „црна листа“ на политичари од Западен Балкан
Соединетите Американски Држави подготвуваат црна листа со 19 имиња на политичари од Западен Балкан меѓу нив и од Македонија. Ова го објави телевизијата „Алџезира“ коментирајќи го говорот на американскиот пратеник за Балканот Габриел Ескобар.
Списокот се подготвува 5 години а целта е да се открие кој ги опструира американските напори за напредок на државите од Западниот Балкан.
Досега на црната листа на САД се запишани струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и бизнисменот Орце Камчев.