Рускиот генерал кој го разруши Мариупол го нарекуваат „мариуполскиот касапин“
Михаил Мизинцев е рускиот генерал кого го нарекуваат „мариуполскиот касапин“, поради злосторствата извршени во украинскиот град Мариупол.
Украинските власти посочуваат дека тој е одговорен и за нападот на родилиштето. Во друг напад руските сили уништија театар за кој локалните власти рекоа дека бил засолниште за повеќе од 1.000 цивили, главно млади и стари.
Кремљ засега не соопштува кој ги наредил овие напади. Мариупол е под контрола на Русите. Русија на 24 февруари ја нападна Украина.
Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY