РОК НА ТРАЕЊЕ? ТОА Е БЕСМИСЛЕНО: Германија прави голема промена, укинува краен датум на користење, еве за кои производи
Во Германија се најавуваат големи промени во однос на досегашните начини на продажба на храна која има долг рок на траење.
Имено, по предлог на германскиот сојузен министер за земјоделство Џем Оздемир, како што пренесува магазинот „Феникс“, се подготвува теренот за промена и исфрлање на рок на употреба на долготрајни хранливи производи како што се чаевите, оризот и другите слични продукти, или пак мед. За овие производи, според нив повеќе не треба да има рок на употреба.
„Тоа треба да помогне да се намали фрлањето храна“, рече политичарот на Зелените во понеделникот пред состанокот со неговите колеги од ЕУ во Луксембург.
Оздемир смета дека на Германија и е потребна обврзувачка листа на исклучоци за одредени производи кои се чуваат на полиците.
Според него, „сосема бесмислено“ е долготрајната храна како чајот, оризот или медот да имаат рок на траење.
Оздемир ја гледа одговорноста на Комисијата на ЕУ да предложи обврзувачки регулативи за Европската унија.