Македонија

Ранети украински војници да се лечат во македонските болници?

Додека македонските граѓани за преглед кај специјалист чекаат по неколку месеци, надлежните планираат во македонските болници да лечат ранети украински војници.
Идејата е прифатлива за Пендаровски и за неа тој со Зеленски разговарал на самитот Украина Западен Балкан кој минатата недела се одржа во Тирана.

– Идејата, начелно, е прифатлива за нас, при што е потребна конкретна разработка на деталите што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе изразат согласност да земат учество во оваа програма, се вели во одговорот од Кабинетот на Пендаровски.

За оваа идеја и самиот Зеленски објави на социјалните мрежи по средбата која што ја имаше со Пендаровски во Албанија.

Посебно внимание посветивме на можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави, се вели во објавата на Зеленски.

Идејата е прифатлива и за Владата. Од таму за Сител велат дека ќе биде потребна дополнителна разработка на деталите па се уште не се знае, каде надлежните планираат да ги лечат украинските војници и со кои доктори планираат да го прават тоа, имајќи предвид дека половина болници во внатрешноста на Македонија немаат доктори по серија специјалности а ништо подобро не е ниту во Скопје.

До сега, на Балканот ранети украински војници во своите болници лечи само Хрватска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons