Просечната пензија од септември ќе ја надмине минималната плата 
Најниската пензија од септември ќе биде 15.600 денари, просечната ќе ја надмине минималната плата. Владата на првата седница одлучи – сметките на сите 337 илјади пензионери да се зголемат за 2.500 денари.
Податоците покажуваат дека секој втор пензионер месечно живее со 13 до 22.500 денари. Со покачувањето, министерот за социјална политика очекува барем малку да им се подобри стандардот.
– Не е доволно, ние знаеме во кој степен живееме. Но ќе се обидеме барем малку на тие што ја изгрдаија нашата држава да им помогнеме. Ќе се обидеме и со други пакети да ги помагаме, вели Фатмир Лимани, министер засоцијална политика
Новата власт наследи празна буџетска каса. Недостасуваат 40 милиони евра за исплата на тековните пензии. Но со ребалансот ќе се најдат пари, уверува Лимани.
Ваквата состојба, заедно со премиерот Мицкоски и министерката Кочовска им ја објасниле и на велешките пезнионери, каде уште во октомври лани токму пред нив го дале ветувањето за покачувањето.
– Се соочија со ситуацијата и фактите. Свесни се и тие. . Но ќе направиме се што е можно и над можностите за да имаат подобар живот и подигнитетен овие граѓани, додава Лимани
Следното зголемување на пензиите, за дополнителни 2,500 денари, ќе биде во март.
Инаку според тековниот закон, услогасувањето се прави 2 пати годишно – согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата. Последното зголемување беше во март годинава, кога најнисите пензии се зголемија за 600 денари,а највисоките за 3,600.
Ветувањето на новата власт беше дека ќе се врати стариот начин односно линеарно,а не процентулано зголемување на пензиите.