Пролетен распуст повеќе нема да има, соопшти министерката за образование
Пролетниот распуст за учениците нема да има, најави денеска новата министерка за образование и наука Весна Јаневска.
Таа рече дека ваквата одлука е донесена согласно анкетите што се направени со родителите и постарите ученици.
„Не, нема да има пролетен распуст. Стручните анкети на родителите покажаа дека не сакаат, но и на повозрасните ученици, така што скедната година нема да има пауза на пролет“, рече Весна Јаневска.
Пролетниот распуст беше применет за прв пат годинава. Одлуката на Министерството за образование и култура беше оваа пауза да биде 7 дена, односно од 29 април до 5 мај.