Проблемот со корупцијата помеѓу главните причини за иселување на младите
Нивото на корупција во земјава е еден од главните проблеми поради кои младите не ја гледаат иднината во Македонија, а 4 од 10 млади би си заминале од државата токму поради корупцијата.
За да се намали иселувањето, но и младите да имаат поквалитетен живот во Македонија, влезот во ЕУ ќе биде од клучно значење, како и подобрување на билатералните односи со нашите соседи, сметаат од Сојузот на млади.
Македонија ниту оваа година нема млади министри, заменици министри, а Парламентот брои само двајца пратеници кои имаат до 29 години. Според последното истражување на Сојузот на млади бројките се поразителни за тоа колку младите се вклучени во политиката и во носењето одлуки. И покрај тоа што политичките партии често се повикуваат на младината какво двигател на општеството, сепак во практиката тоа не им е овозможено. Апелот е младите конечно да седнат на иста маса со оние кои носат одлуки и да бидат вклучени во процесот на одлучување.