Актуелно

Проблем со системот на ФЗО, не може да се закажуваат термини и да се издаваат рецепти 

Матичните лекари деновие но и граѓаните деновиве биле непријатно изненадени откако се јавил проблем во системот на Фондот за здравство. Имено лекарите се соочиле да не можат да пријавуваат нови пациенти во системот на „Мој термин“ додека на граѓаните не можело да им се издаваат рецепти

Од ФЗОМ појаснуваат дека се работело на продолжување на важноста на безбедносните сертификати и оти испратиле известување како да се постапува додека се заврши процесот.

Сепак некој од докторите велат дека и покрај ваквите проблеми успеале да пријават неколку пациенти. Дел од нив наведуваат дека проблемите постојано се таложат. Како најголем проблем го наведуваат капитацискиот бод кој според нив сегашното решение е катастрофа посебно за оние лекари кои работат во руралните средини каде жителите се повеќе се отселуваат.

Затоа лекарите бараат, креаторите на политики, и сегашните и идните, да седнат со нив на маса за да разговараат за решавање на проблемите во здравствениот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons