МакедонијаНајново

Приведен криумчар на мигранти кој бил баран со пет потерници 

Полицијата вчера приведе триесет и шестгодишен криумчар на мигранти кој бил баран со три централни потерници.

„На 06.11.2023 околу 23.30 часот на место викано ,,Ветерско” во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Ќ.Н.(36) од с.Сингелиќ, скопско. Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за сторени повеќе кривични дела ,,криумчарење мигранти” по член 418 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons