Претседателот на Баерн му одговори на Левандовски: Дојде беспари, можеш и да си заминеш беспари
Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хаинер вели дека Роберт Левандовски е под договор до јуни 2023 и очекува напаѓачот до тогаш да го носи дресот на „баварците”.
Роберт Левандовски ги разгоре шпекулациите откако вчера изјава дека натпреварот против Волфзбург веројатно е негов последен во Баерн Минхен. Напаѓачот го известил раководството на „баварците“ дека нема намера да потпише нов договор и сака да замине од Алианц Арена.
Утрово одговор доби од претседателот на клубот, Херберт Хаинер му порача на Роберт Левандовски дека во целост ќе го одработи договорот и потоа може да замине.
„Роберт има договор до 2023 и до тогаш ќе биде дел од клубот. Кога потпишувате договор, и сум потпишал многу договори во кариерата, двете страни се свесни што пишува во нив, па не може да велите дека „со сила“ го терате на нешто“ – вели Херберт Хаинер во разговор со Спорт1.
„Колку што сум запознаен, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ му доставија понуда за продолжување на соработката но тој не ја прифати“.
„Рече дека треба да се изнајде решене за двете страни, и Баерн е една од тие две страни. Негово право е да не сака да стави потпис на нов договор, но треба да го одработи актуелниот“.
„Дојде беспари, па може и да си замине беспари“.