Актуелно

ПРЕКИН ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ КОН ГЕВГЕЛИЈА – Напукна столб на мостот на Црна Река

Бетонски столб на мост на Црна река, по кој сообраќаат возовите во земјава е напукнат, поради што има прекин во железничкиот транспорт. 

Како што информираат од Македонски железници, напукнатиот бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, меѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, е причина за целосен прекин на железнички сообраќај на овој патен правец од 15:25 часот вчера. Прекинат е и патничкиот и товарениот превоз.

– Сепак, патничкиот превоз се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици – Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата – соопшти Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на Македонски железници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons