МакедонијаНајново

Поскапуваат над 500 производи во аптеките 

Владата ја ревидираше листата со луксузни производи. Од петок, со 5% ДДВ повторно ќе се продаваат: урдата,  замрзнатото тесто, црниот бибер, црвениот пипер,  бебешките каши,  адаптирано млеко за доенчиња, додатоци за исхрана за опаднат имунитет, хербалните чаеви,  наполитанките, вафлите, растителниот кашкавал,  останати одредени видови кашкавали, лутеница, конзервирано цвекло, феферони.

„Лускузни“ остануваат: мајонезот, сите видови апетисани, компоти, тропското овошје, сончогледот, мастиките, најголем дел од зачините и уште стотици други производи.

Поскапуваат и над 500 производи во аптеките. Меѓу нив се речиси сите витамини, таблети за смирување, препарати за црниот дроб, простатата и очите, ќесички со електролити. И нивното ДДВ од 5 оди на 10%.

На листата до која дојде СДК (сакамдакажам.мк) има витамини за раст и развој на децата, мултивитамински препратати што содржат магнезиум, железо, витамини Б, Д и Е, како и Витамин Ц, додатоци за вознемиреност или несоница.

Од петок поскапуваат и цигарите. Владата минатата недела донела одлука за измена на законот за акцизи која почнува да важи од 13-ти октомври. Со тоа, кутија цигари ќе се продава за 5 денари поскапо.

Овие артикли се последни во низата илјадници производи кои поскапеа со образложение дека се луксуз или пак, дека не се здрави.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека инфлацијата е двапати поголема од таа во еврозоната, цените растат, а се намалува вредноста на примањата ма граѓаните. На премиерот му препорача офталмолог за подобро да ги гледа цените низ маркетите.

„Јас би го советувал ако сонува да се разбуди од сонот, а доколку навистина има проблем со диоптријата можам да му препорачам добар очен лекар и се надевам дека следниот пат подобро ќе ги гледа цените од позиција на опозиција, но тогаш ќе ја види и сопствената одговорност“ – Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Во најава е и поскапување на половните возила. Според предлогот на финасии, ако досега за возило до 10 илјади евра не се плаќаше данок, сега тој ќе изнесува 1%. Двојно ќе се зголеми давачката за оние возила кои најмногу загадуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons