По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица
По една година од инцидентот, идентификувано е лицето што го запали мостот Беласица кај Автокоманди и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Техничкиот министер за вантрешни работи Панче Тошковски сепак нагласи дека пријавениот И.Х. од 12.09.2023 година веќе се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ “Скопје” за друго дело – тешка кражба.
На 11 мај 2023 под мост “Беласица“ предизвикан е пожар на “просторија за компензација на тополовод”, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ – снабдување со топлина, при што предизвикани се и топлински оштетувања на наведениот топловод како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.„Со наведеното дејствие извршено е кривично дело “Тешки дела против општата сигурност” по чл. 292 од КЗ, а во врска со кривично дело “Предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ за што од страна на Единица за насилен криминал при СВР Скопје преземени се опсежни оперативни мерки за откривање на сторителот на истото. По изготвувањето на анализи во Одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место (отпушоци од цигари и запалка) од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица при што е утврден сторителот на горенаведеното кривично дело, лицето И.Х.(37) од Скопје и против истиот на 10.05.2024 година до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава“, истакна Тошковски.
Мостот беше затворен за сообраќај поради несигурност и долго време беше тестиран. Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста, од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила по една лента.