ПАДНА ОДЛУКА: Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
Се отвораат престапните преговори на Европската Унија (ЕУ) со Украина и Молдавија.
„Европскиот совет денеска одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија“, соопшти претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Тој на социјалната мрежа Х (Твитер) изјави дека Европскиот совет доделил кандидатски статус на Грузија.
„И Европската унија ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина откако ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство“, нагласи Шарл Мишел.
Европскиот совет, додаде тој, ја покани Европската комисија да го пријави до март за да донесе таква одлука. За Македонија проблем е што не се реализираа уставните измени.
Украина е во војна, се бори против руската агресија, Молдавија има отцепен регион кој е под контрола на Русија, а Грузија исто така има два региони кои се под руска окупација.