Одлуката за влез на Бугарија и Романија во Шенген, на 12-ти на Советот на ЕУ
Полноправното членство на Бугарија и Романија во Шенген е прва точка на дневниот ред на Советот на ЕУ за 12 декември
Амбасадорите на земјите од ЕУ веќе постигнаа прелиминарен договор за предлог-одлуката за укинување на контролите на внатрешните копнени граници.
Советот на Европската унија како прва точка на дневниот ред го стави прашањето за полноправното членство на Бугарија и Романија во Шенген.
Состанокот на Советот за правда и внатрешни работи ќе се одржи овој четврток, на 12 декември.
БГНЕС потсетува дека амбасадорите на земјите од ЕУ веќе постигнале прелиминарен договор за предлог-одлуката за укинување на контролите на внатрешните копнени граници.
Бугарија и Романија се приклучија на Шенген, по воздушен и воден пат, во март 2024 година, но копнените гранични контроли останаа. На 22 ноември Австрија потпиша договор со Бугарија и Романија за нивно целосно пристапување во Шенген од 1 јануари следната година.