Актуелно

Оглас за 130 кандидати за судии и обвинители, како и за директор на Академијата

Во петокот, на седницата на Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, била донесена одлука за распишување на оглас за нов директор на Академијата, како и за 130 кандидати за судии и обвинители, односно за слушатели на почетна обука.

Информацијата за „Фокус“ ја потврди директорката Наташа Габер- Дамјановска, која посочува дека огласите би требало да бидат објавени неделава. Поточно, ќе се објават во Службен весник, како и во два дневни весници.

Претходниот избор за директор на Академијата беше неуспешен, бидејќи и двете кандидатки не го добија потребниот број на гласови. Актуелната директорка, Габер-Дамјановска од 9, доби 4 гласа од присутните членови на Управниот одбор, иако беше утврдено дека таа ги исполнува сите услови од огласот. Таа најавува дека ќе конкурира и на новиот оглас.

За противкандидатката Оља Ристова, судија во Основниот кривичен суд Скопје, пак, гласаа 8 воздржано, а еден член на Управниот одбор беше ЗА.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons