АктуелноСвет

Обид за атентат над Трамп, тргнат од сцена со крваво лице 

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп беше отстранет од бината за време на говор во Пенсилванија, откако некој пукаше кон него.

Според АП, Доналд Трамп со крваво лице бил отстранет од сцената од агенти на тајната служба.

Дејли Мејл пишува дека Доналд Трамп наводно бил застрелан во уво и на неговото лице се видливи траги од крв, но подоцна излегоа информации дека се повредил при падот откако агентите се фрлиле над него за да го заштитат.

Трамп, се наведува понатаму, ја крена тупаницата во воздух за да им каже на приврзаниците дека не е сериозно повреден.

Кога се слушнала истрелот, толпата почнала да вреска и да бега.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons