Ноќеска почнува летното сметање на времето
Од ноќеска почнува летното сметање на времето, кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.
Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.