Ноемвриската минимална потрошувачка кошничка чини 51.714 денари, најмногу за храна и сметки
Според Сојузот на синдикатите на Македонија во ноември минималната потрошувачка кошничка изнесуваше 51.714 денари, што е за 200 денари повеќе од октомври и за 1.490 денари повеќе од септември.
Најголем дел од овие пари одат за храна – минимум 19.518 денари, за режиски трошоци 12.983 денари, 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.