Новинарите гласаа во Торино- еве на кое место се наоѓа нашата Андреа!
Новинарите од земјите учеснички на овогодинешната Евровизија гласаа за своите фаворити, а македонската претставничка Анреа Коевска се наоѓа на дното. Според новинарите, најголеми шанси за триумф ѝ се даваат на Велика Британија, а потоа следат Шведска, Шпанија, Грција и Србија.
Вечерва во Торино, од 21 часот започнува првата полуфинална вечер на Евровизија, а за место во финалето ќе се борат 17 земји.
Државите кои вечерва ќе се натпреваруваат се Албанија, Литванија, Летонија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија, а само 10 од нив ќе се пласираат во финалето кое ќе се одржи во сабота, на 14-ти мај.
Кој ќе се квалификува понатаму ќе одлучи комбинацијата од гласовите од публиката и националното жири.
Италија, Шпанија, Велика Британија, Германија и Франција ѝ припаѓаат на „големата петорка“, држави основачи на натпреварувањето кои имаат загарантирано место во финалето.
Нашата претставничка, Андреа, ќе настапи на втората полуфинална вечер на 10-ти мај.