Македонија

Нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри над просечното 

За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Езерото е за 2,48 метри повисоко.

Воодостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро.

Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons