НЕОФИЦИЈАЛНО, ПЛАНИНАРОТ КОЈ ЗАГИНА Е ОД БЕЛГИЈА: Од Куманово е планинарот кој е спасен во акцијата
Федерацијата за планинарство на Македонија потврди дека планинарот кој трагично загина во реонот на Титов Врв не бил член на некое од планинарските друштва кои се во оваа федерација. Велат дека и тие самите чекаат повеќе информации.
Неофицијално, како што дознава Фактор од свои извори планинарот кој го изгуби животот по пад од карпа е од Белгија, додека другото лице кое е спасени и се наоѓа во болница е од Куманово.
-Нас не информираат нашите координатори. Веднаш се распрашавме дали некој од нашите друштва имал таму некакви активности, но дефинитивно начи членови вчера не планинареле на Шар Планина во пределот кај Титов Врв. Немаме наши луѓе на терен бидејќи веќе се вклучени единици на МВР и екипи на Центарот за управување со кризи, велат од ФСПМ за Фактор.
Инаку, утринава ЦУК ја потврди смртта на планинарот и истовремено соопшти дека се пронајдени двете лица кои беа исчезнати во текот на вчерашниот ден на Шар Планина.
– Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени дека комаднирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот и моментално со возило е упатен Клиничкиот центар. Второто пронајдено лице е починато и истото сеуште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури, наведуваат од ЦУК.