Македонија

Незадоволство по изборот на членови за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација 

Згрижување на политички војници – вака граѓанскиот сектор ја оцени листата на членови за комисијата за заштита и спречување на дискриминација усвоена од Собранието. Според предлогот, велат во комисијата ќе седат луѓе кои само го слушнале зборот дискриминација. Обвинуваат дека Законодавниот дом промовира непочитување на законите.

„Бараме да престане политичкото вработување и истите луѓе кои само се шалтаат по државни институции за да бидат негде вдомени заради тоа што се партиски послушници“, вели Давид Тасевски, Кандидат за член во Комисијата за заштита и спречување дискриминација.

 „Ние не  велиме дека сме единствените луѓе што ја знаат темата, меѓутоа, сме луѓето кои сме читале на темата, сме работеле  и очекуваме тоа да биде препознаено“, вели  Маја Атанасова, Кандидат за член во Комисијата за заштита и спречување дискриминација.

„Ако институциите , тоа е законодавниот дом смета дкеа тие луѓе треба да бидата вдомени во оваа комисија, во тој случај исто имаме сериозен проблем за тоа колку ние самите ги почитуваме  принципите на владение на правото“, изјави Елена Кочовска, Кандидат за член на комисијата.

Иако треба да стои на патот на дискриминација, се тврди дека токму комисијата дискриминира одделни членови. Драгана Дрндаревска вели, добила пократок мандат само затоа што немала партиска книшка.

„Со избирањето на партиски кадри на оваа позиција, секако независноста на комисијата е повторно ставена  под знак прашање“

„Нема да дозволиме да мислат дека со тоа што ќе ми дадат мандат од една година и два месеци ќе не замолчат или ќе не задоволат“

Собраниската комисија за избори и именувања завчера го утврди предлог составот за членови на комисијата за спречување дискриминација. Најголем дел од нив се правници, за кои од невладиниот сектор се сомневаат дека ќе знаат како да спречат дискриминација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons