Актуелно

Негативен почеток на неделата на Волстрит: Индексите во минус

Индексите на Волстрит беа во минус во понеделникот. Акционерите ги следат настаните во Русија, а во исто време очекуваат некои важни макроекономски извештаи подоцна во текот на неделата, пренесува француската новинска агенција АФП.

Индексот Dow Jones го заврши тргувањето на 33.714,71 поени, што е за 0,04 отсто помалку од петокот. Индексот на 500-те најголеми американски компании S&P 500 беше формиран на вредност од 4328,82 поени, што е за 0,45 отсто помалку од крајот на тргувањето во петокот. Технолошкиот индекс Nasdaq, пак, загуби 1,16 отсто и тргувањето го заврши на 13.335,78 поени.

Цените на нафтата и златото

Цените на нафтата пораснаа на затворањето на тргувањето во Њујорк. Суровата нафта „West Texas Intermediate“ за испорака во јули достигна 69,55 долари за барел, што е 0,39 долари повеќе од петокот. Барел северноморска нафта „брент“ поскапе за 0,48 долари на 74,33 долари.

Порасна и цената на златото, која порасна за 3,10 долари или 0,16 отсто, на 1.932,70 долари за унца од 31,1 грам.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons