НЕ СТИШУВА ПАНИКАТА: Дојдете наутро – за два три часа се трошат сите пакети масло за јадење во маркетите
Утрото се вадат на полици до пладне ги нема. Некои од основните продукти особено маслото за јадење и брашното, тестенините и конзервите ги снемува и во поголемите маркети, а во помалите кои се поретки во дел од урбаните и руралните средини речиси секој ден за само неколку часа се троши целаа набавена количина. Недостигот на масло за јадење и брашно веќе е секојдневие во помалите градови, но деновиве нив навечер ги нема во дел од маркетите и во Скопје. Фактор не успеа да најде масло за јадење во неколку маркети во една скопска населба синоќа во 19 часот. Од маркетите изјавија дека секако им стасуваат помали количини, но и дека маслото за јадење се троши за два три часа.
„Купувачите земаат по цели пакети и количините ги трошиме брзо. Не е дека имаме залихи кои ги криеме туку воопшто немаме. Ако сакате да купите дојдете утре од сабајле, ни рекоа.
Трговците сведочат дека се купува повеќе и од ругите основни продукти, па и тоалетна хартија и некои основни хигиенски продукти, но сепак најмногу масло за јадење, брашно и тестенини.
На терен се и инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Од институцијата велат дека утврдуваат дека трговците не чуваат залихи туку поради побарувачката трошат се што ќе донесат. Моментно прават и врзани контроли, односно прво контролираат производители на еден производ, а веднаш потоа и како тој се продава во малопродажба. Во моментов се контролираат производители на јајца.
Во однос на цените и почитувањето на измените на Законот за ДДВ контролира Управата за јавни приходи. Оттаму вчера изјавија дека завршиле контролите во КАМ маркетите, но ниту една продавница од овој ланец не е запечатена.
„УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти не само КАМ маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна. Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност, известија од Управата за јавни приходи.
Додаваат дека контролите се вршат без селекција и дека се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%.