Не се усвои Законот за игри на среќа, не доби доволно број на гласови да помине во Собрание
Законот за игри на среќа кој упорно го туркаше ДУИ не ја доби потребната поддршка во македонското Собрание. За него гласаа 51 пратеник со што не се исполнија условите за негово усвојување.
„Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон.
Констатацијата од страна на претседателот на Собранието при одлучувањето за Законот игри на среќа и забавни игри се однесуваше на мнозинството што е потребно за донесување на овој Закон во редовна постапка“, порачаа од Собрание.