Македонија

НАЈСЕРИОЗНАТА ЗАКАНА ЗА БОМБИ ДОСЕГА: „ДЕНЕСКА ЖРТВИ МОРА ДА ПАДНАТ“ – бараат да се тргне „корумпираната“ власт на СДСМ

Електронската порака со закана за бомби утрово била испратена на електронските адреси на повеќе медиуми, јавува порталот 360 степени. Закани има во трговски центри, но и на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи, но зградата на ова министерство не е цел.

На електронските адреси на повеќе медиуми, меѓу кои и „360 степени“, утрово била испратена закана за поставени експлозивни направи на повеќе локации во главниот град. Според заканувачката порака, минирани со динамит се претседателската резиденција вила „Водно“, повеќе музеи и трговски центри, хотели и јавни објекти.

Пораката, во чиј наслов е наведено „закана“, освен на електронските адреси на медиумите, е испратена и на мејлот на Министерството за внатрешни работи.„Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат. Во здружение со нашите следбеници ги миниравме следните локации во главниот град (Скопје) со експлозивни динамити: Музеј на Град Скопје (МГС), Музеј ММБ на Адреса 11-ти март, Скопје, Природнонаучен Музеј на Македонија бул. Илинден 83, Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000, Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза, ГТЦ Градски Трговен Центар Скопје, Шопинг центар East Gate Mall, Трговски центар Бисер, Станбена зграда Агора Флатирон, Станбените кули Џевахир, Управен суд на Македонија Даме Груев 6, Скопје, Куќата на Претседателот – Вила Водно, На следниве локации е поставен GPS контролиран цевчест експлозив: Хотел Марриот (Плоштад на Скопје), Хотел Александар Палас, Спортски Центар Борис Трајковски, Централна Железничка Станица Скопје, Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ).

„А доколку денешниот МАСАКАР не биде доволен, ќе минираме МНОГУ повеќе локации во следните денови. Нема да престанеме додека власта е на потег. Направете ја Вистинската Одлука. Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат“, стои во заканата.

Од МВР за „360 степени“ велат дека веднаш по добиените пријави се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки.

„Денеска (21.2.2023 г.) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен-куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот – вила Водно, хотел Мериот, хотел Александар палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons