Актуелно

Најпрофитабилни 30 македонски компании! Дали се ова најпосакувани компании за работа?

Најуспешните 30 компании лани оствариле добивка поголема од 635 милиони евра и во државниот буџет само по основ на данок на добивка уплатиле барем 60 милиони евра! Меѓу најуспешните 30 компании има по: 3 рудници, 3 челичарници, 3 болници и 4 банки. Најбројни меѓу најуспешните се компаниите за производство и ги има 14. Меѓу најпрофитабилните 10 се услужни компании. Секое од друштвата на листата подолу е посакувана дестинација за вработување затоа што важат за успешни компании кои освен што профитираат и добро се грижат за своите вработени

Потребен е профит поголем од 6 милиони евра за да се биде дел од елитното друштво на најпрофитабилни 30 домашни компании. Ова го покажа рангирањето на „Фактор“ на најуспешните друштва кои работат на домашниот пазар. Генерално на листата се етаблирани и познати компании кои се долго присутни и се активни чинители во домашната економија. Меѓу најпрофитабилните 9 се домашни поседувани компании, а меѓу нив 3 субјекти се целосно или доминантно поседувани од државата. Интересно е тоа што меѓу најусешните се две државни компани кои продаваат услуги т.е. организираат игри на среќа. Третата е јавната компанија задолжена да ја управува, одржува и гради патната инфраструктура.

Најуспешна компанија според остварениот профит е гигантот Џонсон Мети со добивка од речиси 80 милиони евра, која пак не е ниту 4 отсто од неговиот приход. Одличен сооднос профит/приходи имаат две дејности од кои едната е производна, а другата е услужна. Производната е рударството и кај оваа дејност на профит останува меѓу 23 отсто и 38 отсто од приходот. Банкарите сепак се попрофитабилни.

Повеќе детали во табелата…

Р.Ф.

faktor.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons