Актуелно

НАЈПЛАТЕНИ ПРОГРАМЕРИТЕ – Еве кои се останатите највисоки плати во земјава 

Вработените во секторот Компјутерско програмирање повторно имаат највисоки плати во земјава. Вработените во оваа бранша во текот на месец февруари земале и над 90 илјади денари надомест за нивните месечни работни задачи.  

Еве ја листата на највисоки исплатени нето плати во Македонија во првиот месец од годинава: 

Во сектор „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ просечна нето плата исплатена во февруари изнесувала 91.730 денари

Втори на листата со највоска плата се вработените во сектор „останати стручни, научни и технички дејности“ кои примиле 66.969 денари плата во текот на месец февруари.

По нив следуваат вработените во сектор „Воздухопловен транспорт“ каде просечната месечна нето плата во февруари достигнувала 63.734 денари

Четври на листата меѓу работници со највисоки топ пет плати во земјава се вработени во секторот „Телекомуникации“, кои во текот на февруари имале просечна исплатена нето плата од 54.676 денари

Последни на листата со највисоки плати во земајва се вработените во сектор „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ каде просечната нето плата во јануари била 54.337 денари

Благи промени на листата најплатени работници има во споредба со претходниот месец, но компјутерџиите повторно остануваат на врвот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons