Најмногу поплаки до банките за дебитни и кредитни картички
Анализата на структурата на поплаките за одделни банкарски производи и услуги од анкета на Народната банка покажува дека минатата година преовладувале поплаките за дебитните и кредитните картички, со учество од 36,6 проценти, од кои најголемиот дел се однесувале на висината и пресметката на надоместоците и функционалноста на услугата.
Следни се поплаките за потрошувачки кредити со 10 проценти, однесувањето на вработените со 9,3 проценти, трансакциски сметки со 8,5 проценти од кои поголем дел се однесуваат на рекламации (на пр.: сторно налози), надоместоци и други аспекти; за електронско и мобилно банкарство со 8,2 проценти, а претежно за функционалност на услугата.