Свет

НАЈДЕНИ СЕ ДВЕТЕ ДЕВОЈЧИЊА КОИ ИСЧЕЗНАА ВО ГРЦИЈА: Каде биле во меѓувреме? 

Пронајдени се тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција.

Станува збор за 13-годишната Елефтерија и 14-годишната Катерини во Калитеа, Грција, кои беа исчезнати на 30 ноември, јавуваат грчките медиуми.

Како што објави грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња се пронајдени утрово и се во добра здравствена состојба.  Девојчињата се затекнати на подрачјето на општина Агиос Димитриос, но засега грчките медиуми не објавија како и зошто исчезнале. Беше објавено дека двете тинејџерки влегле во такси по што им се изгубила секаква трага.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons