Актуелно

Најави за блокади и стража на гробот на Гоце Делчев, полицијата повикува на одговорно однесување 

Инцидентот во Охрид со претепаниот секретар на бугарскиот клуб е дел од хибридна војна која се води против Македонија, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според него доказ за ваквите тврдења е што лицата кои се вклучени во инцидентот , и нападнатиот и напаѓачите, се дел од една иста групација.

По најавите дека Бугари на социјалните мрежи се подготвуваат организирано да доаѓаат во Скопје и група Македонци најавуваат блокади на неколку места во источниот дел на земјава, со кои би се спречиле нови инциденти и доаѓање на радикални структури од Бугарија..

Спасовски смирува дека државата е целосно подготвена за безбедноста и нема никаква потреба од организирање на граѓаните. Дециден е дека нема да се дозволи никој од надвор да го понижува македонскиот народ. Повика на мирно и достоинствено чествување на ликот и делото на македонскиот револуционер Делчев.

А официјална Софија преку нота ќе бара безбеден пристап на Бугарите кои сакале да дојдат на гробот на Гоце Делчев. Бугарскиот шеф на дипломатијата вели дека Бугарија се залагала за деескалација на односите, а гаранцијата на бугарските права во Македонија било еден од чекорите на тој пат. Оваа година наместо официјална државна делагација, на 4-ти февруари во Скопје  присутни ќе бидат само претставници од амбасадата.

Претепаниот Пендиков пак веќе поднел пријава до бугарското МВР за како што навел смртни закани на социјалните мрежи. Во полиција се жалел дека добивал заканувачки попраки на македонски јазик, а биле објавувани и негови фотографии со повици за насилство. 

Обвинителството во Софија веќе покренало предистражна постапка и ќе утврдува кој и како му се заканувал на Пендиков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons