Наставничка од Неготино психички малтретирала ученици, полицијата ја приведе
Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне, откако била пријавена дека психички малтретирала ученици, информираа денеска од СВР Велес.
„Вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Т.Ј.С.(48) од Неготино, наставничка во училиште во Неготино, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на настава“, информираат од СВР Велес.
Наставничката е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.