Свет

Напади во Украина, ракетиран центарот на Киев 

Утринава одекнаа неколку силни детонации во центарот на Киев, јавуваат новинарите на странските агенции од местото на настанот.

Локалните жители на Твитер информираат дека експлозиите сè уште траат.

Новинарите на АП кои ги слушнале детонациите известуваат дека изгледало како да се предизвикани од ракетни напади.

Сирените за воздушен напад се огласиле неколку десетици минути пред детонациите, а се слушнале и пред околу половина час.

Во Киев во последните месеци владееше релативен мир.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко извести дека имало експлозии во областа Севченко во центарот на Киев, која го опфаќа историскиот стар град, како и неколку владини згради.

Украина се наоѓа под ракетен напад, има информации за многу напади во градови во земјата, изјави утринава заменик шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко. Тој наведе дека во нападите има повредени цивили.

Експлозии се слушнале во Лвов, Тернопил и Дњепар.

Градоначалникот на Лвов, Андриј Садовји, на Телеграм објави дека училиштата денеска ќе бидат затворени, а наставата ќе се одржува од далечина. Тој рече и дека има привремени прекини во мобилните комуникации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons