Над 200 матични лекари одат во пензија, нема кој да ги замени
Дебар ќе остане без педијатри, критично е во Ресен и Македонски Брод, а во многу градови граѓаните ќе нема каде да отидат за мерење на притисок.
Младите доктори не сакаат да бидат матични, а за една година дури 200 лекари од примарното здравство ќе заминат во пензија. Состојбата е се повеќе алармантна, предупредуваат од Здружението на приватни лекари.
Велат дека како капка во вода го чекаат Законот за здравствена заштита што им го ветуваа многу министри за здравство и кој ќе помогне за ублажување на состојбата.
-Имаме суштински и стратешки барања како пациенти на ПЗУ, продолжување на стажот за фирми да не згаснуваат, движење на кадарот по вертикала, по хоризонтала една разиграност бидејќи ние имаме ситуација каде се повеќе доктори и специјалисти ги снемува од градовите. Ке треба за едни обични капки за очи, за нос согласно режимот на пропишување да одат пациентите во друг град, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на ЗПЛРМ.
Доктор Дервишова реагира и што здравствените домови ќе останатѕ празни по затворање на ординации на матични а од друга страна, здравствените власти не одат на терен за да видат каква е реалната состојба и под итно да најдат решение.
-Треба да се обноват тие средби со координатори по градовите што порано како ЗПЛРМ ги имавме со Фондот, за оние централните надлежни институции од терен ги имаат информациите, доста е со сечење на ленти и камен темелници и овие луѓе кога ќе дојдат на функција сериозно да ја сватат состојбата, вели Дервишова.
Не само што пропаѓа примарното, изминатиот период сериозен е алармот и за секундарното и терциерното здравство.
Битолската, штипската и други болници од внатрешноста немаат кадар и постојано бараат вработување на здравствени работници, но никој не им одобрува. Оние од повисокото ниво, пак, сакаат регионализација за сите пациенти да не доаѓаат во Скопје. Овие проекти ги прават многу министри за здравство и засега само на хартија…