МакедонијаНајново

Над 20 пријави за врсничко насилство на електронските адреси на МОН 

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќириденеска изјави дека на електронските адреси на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки.

-Бројот на пријавите достигна повеќе од 20. Ова значи дека имаме повеќе од 20 различни мејлови. Имаше и добри искуства, препораки од различните страни кои ги имаат решено проблемите. Кога зборуваме за насилство, имаме и позитивни ситуации. Да ги искористиме и добрите и лошите искуства, рече Шаќири во одговор на прашање пред почетокот на денешната дебата „Насилство кај децата“.

Прашан дали досега имало поплаки во однос на училишта кои не реагирале во случај на врсничко насилство, Шаќири потврди дека имало и такви случаи.

Младите, родителите и граѓаните можат да пријават врсничко насилство на мејловите prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons