Свет

На Тикток му се заканува забрана во САД, Трамп би можел да влијае на судбината на платформата

Федералниот апелациски суд вчера застана на страната на министерството за правда и го потврди законот со кој се забранува Тикток во Соединетите Американски Држави доколку апликацијата за споделување видео-содржини не биде продадена до 19 јануари.

Апелацискиот суд за округот Колумбија ги одби петициите за блокирање на законот кои ги поднесоа Тикток, неговата матична компанија Бајтденс и група креатори, пренесува Политико.

Забраната стапува на сила еден ден пред инаугурацијата на Доналд Трамп. Трамп за време на кампањата вети дека „ќе го спаси Тикток“, што го става во позиција можеби да го брани законот на кој се противеше. Транзицискиот тим на Трамп не одговара на прашањата за неговите планови.

Тикток не се огласи веднаш во однос на пресудата. Ако Тикток се одлучи на жалба, или пред поширок судски совет или пред Врховниот суд на САД, спорот би можел да се продолжи, претставувајќи историски удар за технолошките врски со Кина и потенцијално да има далекусежни последици по дигиталната слобода на говорот.

Одлуката е донесена повеќе од седум месеци откако Тикток, Бајтденс и други групи во мај поднесоа тужба за блокирање на законот, тврдејќи дека со забраната на платформата се сузбива слободата на говорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons