Актуелно

На студиите по македонски јазик и книжевност се запишаа само 16 студенти 

Поразителни се бројките од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, по првиот уписен рок за студенти за новата академска година, пишува „Фокус“.

Факултетот овие резултати ги објави на својата веб-страница.

На насоките Македонски јазик и Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, вкупно се запишале само 15 редовни и еден вонреден студенти. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а вонредниот студент е запишан на отсекот за книжевност.

На објавениот конкурс за оваа академска година, на овие две насоки на факултетот беа предвидени места за упис на 190 студенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons