На македонската економија и фалат работници
Дефицитот на кадар во земјава се продлабочува .Најкритично е во градежништвото и турзимот а недостиг од работници има речиси во сите области добрите познавачи сметаат дека потребна е стратегија со која на младите ќе им се понудат можности, иднина и квалитетен живот.
Според професорот Мариноски за да се задржат работниците дома потребно е изедначување со условите и платите кои им се нудат надвор од нашата држава.
Со куфери на аеродромите и автобуските станици, младите на пат кон подобар живот.Корупцијата , образованието, инфраструктурата, невработеноста се дел од причините за големото иселување на младите од земјава.
Во рок од 20 години бројот на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за над 150 илјади граѓани.