Македонија

Мухамед Зеќири останува во притвор 

Eкс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, останува во притвор во истражниот затвор „Скопје”. 

Кривичниот совет денеска го потврди решението на судијата на претходна постапка.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција,
постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на
решението на судија на претходна постапка, денеска одржа јавна седница
во присуство на странките, по која ценејќи ги фактите приложени во
жалбата, донесе решение со кое го потврди решението на претходна
постапка со измени во основите кои постојат за определување на мерката
притвор“, велат од Кривичниот суд.

Обвинителството во петокот соопшти дека е отворена истрага против генералниот секретар на Владата, Зеќири и двајца хрватски државјани, за наводна штета на буџетот од скоро милион евра. Истрагата е отворена поради сомнеж за незаконски договор за консултантски услуги, кој се однесувал на приватизација на Македонски Пошти.Зеќири си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата, и заедно со адвокатот се појави во судот.  Нему судот му одреди притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons