Македонија

Му ги кинеле гаќите, тетратките и учебниците – првенец на генерација две години изложен на врсничко насилство 

Ученик во деветто одделение во основното училиште “Даме Груев” во Градско, кој е и првенец на генерацијата, подолго време бил изложен на врсничко насилство од своите соученици, што е пријавено во полиција и кај директорот на училиштето, пренесува велешкиот портал Дума.мк.

– Моето 14 ипол годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември годинава, дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници. Му удирале фиски по главата, му го уништувале училишниот прибор и му го фрлале низ  прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам”, раскажува родителот на малтретираното дете, кое поради тоа веќе три недели не оди на настава.

Тој го пријавил случајот кај класниот раководител Благој Ристов и кај директорката Таца Дукова, а на 12 ноември го пријавил случајот и во СВР Велес. 

Родителот на детето е разочаран е од институциите зашто во изминатите 17 денови никој не помогнал во надминување на траумите што малолетното дете ги претрпело.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons